Хотел Central – ВИНИЦА

  • Central-park-vinica
Хотел Central – ВИНИЦА 2020-06-02T09:46:30+02:00

Project Description

Уникатно Искуство

Хотел Централ е лоциран во строгиот центар на градот Виница во тивка околина, топло уреден и декориран со цел да го понуди најдоброто од удобноста и комфорот и да ги исполни очекувањата за современ и прекрасен Хотел. Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Хотел Централ претставува уште една инвестиција во економскиот и урбаниот развој на Виница која ќе понуди хотелско сместување што одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат угостителски третман во домашен амбиент. Покрај новоотворениот Хотел Централ, со години збирно место на Виничани е современиот ресторанот Александар Парк Виница, место каде што можат да се вкусат голем број на специјалитети од македонската и интернационална кујна, а просторот е погоден за прослави и свечености.

Конференциска сала во центарот на Виница

Во склоп на Хотел Централ се наоѓа конференциска сала која е совршено место за секаков вид конференции, прес-конференции, деловни настани, презентации, семинари и состаноци. Салата е звучно изолирана и модерно опремена. Користењето на конференциската сала е бесплатно за гостите на Хотел Централ.

Централ Спа – ново релаксирано искуство

Хотел Централ отсега Ви нуди место каде ќе можете да го ослободите умот, да го релаксирате телото и да си пружите едно целосно уживање. Опуштете ги Вашите сетила со релаксираните услуги кои Ви ги нуди Централ Спа кој се наоѓа во склоп на Хотел Централ. Дозволете си потполна ревитализација на духот со посетата на нашата сауна, парна бања или хидро-тераписки масажи.
Повелете, посетете го Централ спа и пружете си едно уникатно искуство!

Двокреветни Twin bed

Овие соби се идеални за вашите краткотрајни бизнис патувања. Истите се опремени со елегантен мебел и нудат удобност, топла и пријатна атмосфера.

Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Двокреветни Queen bed

Овие соби се просторни двокреветни соби кои се луксузно опремени според најсовремени стандарди. Нудат комфор, пријатен и топол амбиент каков што секој би посакал.

Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Двокреветни Junior Suite

Овие соби се одликуваат со најголем комфор. Junior suit се просторни двокреветни соби, кои нудат можност за сместувачки капацитет на плус едно лице на барање на гостите. Сите се луксузно опремени со елегантен мебел.

Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Луксузен апартман

Овој апартман е единствен во склоп на хотел Централ. Истиот е луксузно опремен според најсовремени стандарди. Просторноста на овој Deluxe апартман е услов за комфорт и пријатен амбиент кој го нуди! Истиот нуди уникатен панорамски поглед на градот Виница.

Фитнес и спа :

Нашата желба е сите заинтересирани лица да ги советуваме и поддржиме во остварување на подобра форма и општата здравствена состојба. Нашиот обучен и стручен кадар, заедно со вас, ќе создаде вежби и програми со кои се стимулира, мотивира, за да се дојде до саканите резултати. Ако ви се допаѓа да вежбате во група ние ќе ви помогнеме со изборот на најдобриот начин за вас. Сакате да го подобрите вашето здравје, да запознаете нови луѓе, дојдете и придружете ни се во групните тренинзи заедно со професионален тренер и подобрете го вашиот начин на живот.
Нашите фитнес програми се дизајнирани со собремените методи на работа, следење на најновите информации од светот на фитнесот и рекреацијата. Прилагодени за почетници, аматери и спортисти, без разлика на полот. Посетете ја нашата ексклузивно опремена финтес сала со целосно нова и професионална опрема за сила и кардио.
Бидете дел од новиот свет на фитнесот, бидете дел од еден од најдобрите фитнес центри во Македонија, ние сме тука за вас!

Собите/ Апартманите се опремени со:

  • Бесплатен WiFi интернет
  • Климатизација
  • Кабелска телевизија
  • Телефон
  • Сеф

ЛЕТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ