Издавање на патничко осигурување

Издавање на патничко осигурување 2018-06-08T01:15:13+02:00

izdavanje-patnicko-osiguruvanje-eurolink
ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје е осигурителна компанија формирана во 2002 година како директна странска инвестиција со висок основачки капитал од 3,2 милиони евра, втор по висината на македонскиот осигурителен пазар.

Додека туристички или деловно ја посетувате некојa земја во странство, разни непредвидени проблеми можат да Ви ги пореметат Вашите планови. Но, со полисата за здравствено патничко осигурување на Еуролинк, тие проблеми можете лесно да ги надминете.

ЗОШТО ПОЛИСА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ?

Патничко осигурување

Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнис зделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател? Остварете ја целта без оглед на ризиците.

Со патничкото осигурување на Еуролинк Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. Осигурителните полиси на Еуролинк се изработени според светски стандарди и прилагодени токму на вашите потреби.

Со цел задоволување на вашите специфични потреби можете да одберете некој од следниве пакети на покритие:

  • Оптимум
    • Ризици опфатени со осигурувањето:
      • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај
      • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
      • Враќање посмртни останки во земјата
      • Враќање малолетни деца во Република Македонија
      • Надомест на телефонски трошоци
      • Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство – превоз и сместување во хотел
      • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел
      • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
  •  Премиум

      • Багаж – кражба, оштетување и уништување
      • Багаж – кражба, во моторно возила
      • Багаж – задоцнето пристигнување во странство
      • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертифика
  • ВИП
    • Ризици опфатени со осигурувањето:
      • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај
      • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
      • Враќање посмртни останки во земјата
      • Враќање малолетни деца во Република Македонија
      • Надомест на телефонски трошоци
      • Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство – превоз и сместување во хотел
      • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел
      • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
      • Багаж – кражба, оштетување и уништување
      • Багаж – кражба, во моторно возила
      • Багаж – задоцнето пристигнување во странство
      • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат
      • Трансфер на деловни колеги
      • Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот
      • Предвремено враќање поради тешка несреќа во деловни простории, фабрика
      • Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет
      • Враќање моторно возило
  • Ски пакет
    • Ризици опфатени со осигурувањето:
      • Доцнење, губење или кражба на ски опрема (скии, чевли, штеки, ски борд) при транспорт
      • Болест или повреда при зимување
      • Затворање терени
      • Лавина или слегнување на земјиште

Најшироко покритие на ризици и можност да изберете само ризици кои вам ви се потребни;

  • Целосна заштита на вашата сопственост;
  • Полисата е прилагодена според Вашите потреби;
  • Избор на франшиза по Ваша желба, со соодветно намалување на премија за осигурување;
  • Достапни 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината;
  • Ги покрива трошоците при загубен или оштетен багаж;
  • Реално, целосно и навремено обештетување.

Што треба да направите во случај на незгода или болест додека сте во странство?

  • Јавете се на Еуролинк 24, +389 2 15 888, или испратете факс на +389 2 32 89 355, или на е-поштата: eurolink24@eurolink.com.mk и побарајте помош;
  • Дајте ги информациите што ќе Ви ги побара координаторот во ЕУРОЛИНК 24 и следете ги неговите инструкции, давајќи ги податоците за себе (име и презиме, телефонскиот број на кој да Ве повикаат, бројот на полисата на осигуреникот, број на пасош на осигуреникот, матичен број на осигуреникот, што Ви се случило, адреса и телефонски број од местото каде што престојувате и сл.).

*Доколку постојат какви било причини, независни од Вас, што го спречуваат неодложеното јавување (поради природата на болеста или повредата), Ве молиме да ја известите осигурителната компанија Еуролинк најдоцна за 24 часа од настанувањето на случајот.

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/me92f/public_html/wp-includes/functions.php on line 4221