Дубаи

Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 – 35 степени. Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 5 AED. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.