Вила Ујвара – КСАМИЛ

  • ujvara-ksamil-01
Вила Ујвара – КСАМИЛ 2024-03-13T10:55:31+02:00

Project Description

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места. Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила УЈВАРА е нова вила која се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.

10% попуст за резервација до 29.02.2024
5% попуст за резервација до 30.04.2024
СО УПЛАТА ОД МИНИМУМ 30% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО 15 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ!

ВИЛА UJVARA

Термин Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио 1/2  соба 1/3 соба 1/4 соба
01.06 – 08.06 7 179 199 219 159 179 199
08.06 – 15.06 7 199 219 239 179 199 219
15.06 –
22.06
7 269 279 299 249 279 299
22.06 – 29.06 7 289 309 329 279 299 319
29.06 – 06.07 7 309 379 399 299 319 339
06.07 – 13.07 7 399 419 439 389 409 429
13.07 – 20.07 7 419 429 449 399 419 439
20.07 – 27.07 7 419 429 449 399 419 439
27.07 – 03.08 7 419 429 449 399 419 439
03.08 – 10.08 7 419 429 449 399 419 439
10.08 –
17.08
7 419 429 449 399 419 439
17.08 –
24.08
7 409 419 439 389 409 429
24.08 – 31.08 7 369 389 409 359 379 399
31.08 – 07.09 7 269 289 309 259 279 299
07.09 – 14.09 7 249 269 289 239 259 279
14.09 – 21.09 7 179 199 219 169 189 209
21.09 – 28.09 7 149 169 189 139 159 179

Напомени

  • Цените се за наем на студио за 7 ноќевања

  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот

  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет

  • Климата е вклучена во цената

  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време

  • За хигиената на собите се грижат гостите

  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите
  • За уплатени 2 аранжмани 7 + 7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот аранжман

  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро = 62 денари

  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање

  • За раните попусти уплатата треба да се уплати вкупната сума до одредениот датум

  • Агенцијата како организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани

Цена за превоз од Скопје за Ксамил

  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 65 евра по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 80 евра по лице

  • Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 65 евра по лице

  • Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) Трансфер до Битола – 65евра по лице

  • Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) – 55€ по лице

  • Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола – 55евра по лице

  • Деца од 2-11,99год: -10евра од цената на возрасен

ЛЕТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ