Вила Мемфис – КАЛИТЕА

  • Vila Memfis
Вила Мемфис – КАЛИТЕА 2022-08-03T13:46:15+02:00

Project Description

Вилата Мемфис се наоѓа во самиот центар на Калитеа во пешачката зона, опкружена со голем број на продавници, кафетерии и таверни. Вилата е оддалечена 100 метра до транзитниот пат. Вилата располага со 1/4 студија опремени со ТВ, WiFi, клима (вклучена во цената), кујна (фрижидер, решо и кујнски прибор), тоалет, туш и балкон.

10 % попуст за уплата до 31/05/2022
 
 
Мемфис студио МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
21 28 04 11 18 25 02 09 16 23 30 06 13 20 27 03 10 17
Ноќи 7* 7* 7* 7 7  7 7 7 7 7 7 7 7 7 7* 7* 7* 7*
1/4 75 95 115 200

270

200

320

289

350

299

390

410

389

410

389

410

389

410

389

390

369

340

155

145 115 85

Термините обележани со *се однесуваат на пакет аранжмани по лице за 7 ноќевања,

а без * се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи

Услови за патување

  • Цените се изразени во ЕУР за уплата во денарска противвредност (1 Еур = 62,00 мкд)
  • За дете од 02-12 години со две возрасни лица – бесплатно сместување, превоз 30 Евра
  • За трето лице над 12 години  бесплатно сместување, превоз 40 Евра
  • При сместување во студијата потребен е минимум од 2 лица (2 x 100%)
  • Сместувањето во студијата е во 14:00 часот по локално време, а напуштање на студијата во 10:00 часот по локално време
  • Цена само за автобуски повратен билет 40 Евра, а за деца од 02-12 години 30 Евра  Задолжително патничко осигурување: 200 денари (групно), 210 денари (индивидуално) за лица над 65 години + 100%
  • За уплата на два последователни аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман на редовните цени
  • ПОПУСТИТЕ НЕ СЕ КОМБИНИРААТ (попуст за рана резервација со попуст за две последователни смени)!!!
  • Туристичка такса 0,50 еур од ден се наплаќа на лице место во објектот

Термини на тргнување

  • Куманово во 04:15 часот (Макпетрол, автопат)
  • Скопје во 05:00 часот (паркинг спроти Хотел ВИП)
  • Кочани во 04:15 часот (паркинг пред Судот)
  • Штип во 04:45 часот (нова Пошта)
  • Велес во 05:45 часот (бензинска пумпа – Мотел Македонија)
  • Трнување од Калитеа во 14:15 часот

Напомена

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, ТА Метфил ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • Задолжително патничко осигурување: 200 денари (групно), 210 денари (индивидуално) за лица над 65 години + 100%
  • ТА Метфил не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето
  • За овој аранжман важат опшите услови за патување на ТА МЕТФИЛ

ЛЕТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/me92f/public_html/wp-includes/functions.php on line 4221