Вила Катерина – ЛЕПТОКАРИЈА

  • Vila Katerina Leptokarija
Вила Катерина – ЛЕПТОКАРИЈА 2024-01-15T20:35:14+02:00

Project Description

Трикатна вила, сместена на околу 100 метри од морето и недалеку од центарот.
Вилата има безжичен интернет и простор за багаж.
Во секоја соба: опремена кујна, тоалет со туш, телевизор, клима уред и тераса…
Приземје
Студио бр. 5 / 1 брачен + 1 единечен кревет /
Студио бр. 6 / 1 брачен + 1 единечен кревет /
Студио бр. 7 / 1 брачен + 1 единечен кревет /
Студио бр. 8 / 1 брачен + 1 единечен кревет /
1 спрат
Апартман бр. 2 / дуплекс со ( 1 брачен и 1 единечен )+(1 брачен и 1 единечен кревет)

2 спрат
Студио бр 6А / 1 брачен + 1 единечен кревет /
Студио бр. 4  / 1 брачен + 2 кревети на спрат /

3 спрат
Студио бр.   9 / 1 брачен + 1 единечен кревет
Студио бр. 10 / 1 брачен + 1 единечен кревет
Студио бр. 11 со посебна кујна и 1 спална соба со 1 брачен кревет + 1 француски кревет + 1 единечен кревет
Апартман бр. 12 / 1 спална соба со 1 брачен и 1 единечен кревет и 2 единечни кревети во кујната /

Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун. Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција. Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија. Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, лулашки…. Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани.За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата…

Цените се многу пониски од другите одморалишта. Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени. Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….
Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите. Местото има сè што му треба на еден град.Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.

Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата. Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка..Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца. Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето. Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте…..

– 15 % до 31.12.2023
– 10 % до 28.02.2023

Термин 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио 1/5 апп
25.05-01.06.24 89 109 129 159
01.06-08.06.24 139 159 179 199
08.06-15.06.24 179 189 199 249
15.06-22.06.24 209 229 249 349
22.06-29.07.24 249 269 289 399
29.06-06.07.24 289 309 329 439
06.07-13.07.24 329 349 369 469
13.07-20.07.24 349 369 399 499
20.07-27.07.24 389 399 419 539
27.07-03.08.24 399 419 439 579
03.08-10.08.24 399 419 439 579
10.08-17.08.24 399 419 439 559
17.08-24.08.24 379 389 419 549
24.08-31.08.24 349 359 379 509
31.08-07.09.24 299 319 339 459
07.09-14.09.24 269 289 319 399
14.09-21.09.24 199 219 239 349
21.09-28.09.24 129 139 159 229

Услови и напомени

  • Цените се изразени за наем на апартман за 7 ноќевања

  • Во цената не е вклучен превоз

  • Цените обележани со црвено се промо цени,на промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст

  • Во цената е вклучено:ноќевање,wi-fi

  • Доплата за клима уред 5евра на ден ( се плаќа во вилата )

  • Туристичка такса 1,50 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)

  • Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време)

  • Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (попустот важи само за
    редовни цени)

  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

  • Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената

  • Важат Општите услови на СКТМ и ТА “МЕТФИЛ“

Цени за превоз:

  • Скопје (Дрводекор) – 40€ по лице , 05:00 h

  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –40€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 50€ по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 40€ по лице
  • Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –45€ по лице
  • Удово (бензинска пумпа, Удово) – 40€ по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 40€ по лице
  • Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена за Скопје, Битола и Прилеп
    Деца до 1,99 години бесплатно

ЛЕТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ