🚌Велигден – САНТОРИНИ

  • santorini
🚌Велигден – САНТОРИНИ 2024-02-14T12:28:43+02:00

Project Description

Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.

1 ден 02.05.2024 (четврток) СКОПЈЕ – ПИРЕА:

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ден  03.05.2024 (петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ:

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. Препорачуваме посета на Пиргос, највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина( една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ден 04.05.2024 (сабота)  САНТОРИНИ:

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање.

4 ден  05.05.2024 (недела) САНТОРИНИ:

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневнитечасови. Слободно време за краток одмор.  Предлагаме  факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Ноќевање.

5 ден  06.05.2024 (понеделник) САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ:

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 07.05.2024 (вторник) СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.02. 2023: 299/ 18.540 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329/ 20.400 денари 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште

  • 3 ноќевања со појадок  во  Hotel Iliada&Odyseass Resort 4* во Периса

  • Организација и придружник на патувањето

Во цената НЕ е вклучено:

  • Факултатувни излети и програми

  • Oia (Иа), залез на сонце – 20 евра

  • Full day Santorini – 50 евра(превоз + водич)

  • Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич) 50евра

  • Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј ( превоз+влезница за винарија+водич) – 30евра

  • Посета на Пиргос 15 евра

  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 150 евра по лице 

Напомена:

  • Еднокреветна соба 4.200 денари

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари

  • Туристичка такса ( 6 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • Доплата за избор на седиште 10 евра по лице ( резервација исклучиво при уплата)

  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии

ПАТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ