Project Description
1 ден 30.12.2022 (петок) Кочани – Солун
Поаѓање од Кочани/Штип/Скопје во договореното време. Патувањето продолжува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во пладневните часови.Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг или уживање во неодоливото вкусно кафе комбинирано прекрасниот морски поглед кое во секое годишно време не остава без здив. Во попладневните часови поаѓање кон хотелот и сместување.Ноќевање.
2 ден 31.12.2022 (сабота) Солун
Појадок. После појадокот заминување кон Космос.Можност за шопинг и индивидуални активности.Во договореното време заминување кон хотелот. Одмор и припреми за Дочек на Новогодишната ноќ.Во вечерните часови заминување кон центарот на Солун. ДОЧЕК НА НОВАТА 2023 ГОДИНА на плоштад . Во договореното време враќање во хотелот.Ноќевање.
3 ден 01.01.2023 (недела) Солун – Кочани
Појадок. Напуштање на хотелот и слободно време за прошетка во Солун.Факултативно крстарење со брод по Термајскиот залив. Во договореното време заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 140 еур / 8.680 денари
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 20 ТИ НОЕМВРИ – 160 еур / 9.920 денари
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Солун
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената НЕ е вклучено:
- Туристичка такса – 2 евра од ден од лице
- Крстарење со брод по Термајскиот залив 20 e
- Патничко осигурување
Напомена:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата