✈ Нова година – РИМ

  • Rim-03
✈ Нова година – РИМ 2022-11-26T16:52:08+02:00

Project Description

Рим – Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија… според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год, па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола во светот… и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја создавале императори, папи, цареви и конзули а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величенствените антички монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади, Колосеумот… стариот дел на градот е вистински музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!

1 ден 28.12.2022 (среда) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:15 часот. Лет за Рим W6 7757 во 19:15ч. Пристигнување во Рим во 21:00часот. Трансфер до хотелот Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

2 ден 29.12.2022 (четврток) РИМ (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил)

Појадок. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим… Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил…Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.

3 ден 30.12.2022 (петок) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА

Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.

4 ден 31.12.2022 (сабота) РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Прослава на Нова Година на некој од градските плоштади. Ноќевање.

5 ден 01.01.2023 (недела) РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Попладне трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје W6 7758 во 16:15ч. Пристигнување во Скопје во 18:00 часот.

Цена на аранжманот во претпродажба:
Basic – основен пакет со 1 разглед = 499 € (30.938,00 мкд)
Superior – пакет со вклучени 3 разгледи = 559 (34.658,00 мкд)
Premium – пакет со вклучени сите разгледи = 609 € (37.758,00 мкд)

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ – ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

– Организиран панорамски разглед на Рим:
BASIC √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (без метро карта и влезница):
BASIC (доплата 20€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 50€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на Тиволи со превоз, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 55€) | SUPERIOR √ (доплата 55€) | PREMIUM √ (вклучено)

Во цената е вклучено:

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси
  • Сместување во хотел *** од групацијата на http://raelihotels.it, на база 4 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
  • Рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm)
  • Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса: Хотел 3* – 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција
  • Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
  • Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
  • Доплата за 1/1 соба – 130€
  • Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Патничко осигурување

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на ТА МЕТФИЛ

ПАТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ