Project Description
1 ден 28.12.2022 (среда) Скопје – Краков :
Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 29.12.2022 (четврток) Краков:
Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 30.12.2022 (петок) Краков-Аушвиц и Биркенау:
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден 31.12.2022 (сабота) Краков-Величка:
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Враќање во хотел. Вечерта, дочек на Новата 2023 година на главниот градски плоштад. Ноќевање.
5 ден 01.01.2023 (недела) Краков-Скопје:
Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 02.01.2023 (понеделник) Скопје:
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.
Промо цена за уплата до 01/12/2022 – 179€/11.098 ден
Цена на аранжманот – 199€/12.338ден
Во цената е вклучено:
Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Краков, линк до хотелот: https://metropolo-krakow.goldentulip.com/en-us/
- Oрганизиран разглед на Краков
Организација и реализација со туристички придружник
Во цената НЕ е вклучено:
- Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau – 40 евра
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka – 30 евра
- Факултативна посета на Еврејскиот кварт – 15 евра
- Доплата за трансфер (10 евра по лице) од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Штип
- Задолжителна туристичка такса 2 € по лице по ноќевање
Задолжително патничко осигурување
Напомена:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош
За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата,доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба