🚌 Нова Година – КОПАОНИК Апартхотел

  • Kopaonik-14
🚌 Нова Година – КОПАОНИК Апартхотел 2022-11-12T19:25:31+02:00

Project Description

Копаоник е најголем ски центар во Србија и е еден од најубавите во овој дел со просечно 160 дена под снег, од крајот на ноември до првите мајски денови. Заради поволната клима со скоро 200 сончеви денови годишно, го заслужува своето второ име – Сончева планина.

Освен спортот и традицијата и вкусната кујна е она што ги привлекува туристите во Копаоник.

Копаоник нуди преку 62 км уредени патеки за алпско и нордиско скијање. Поседува и уреден snow-board парк, за најмладите е изграден нов, современ, обезбеден простор со подвижна трака и карусел, 24 жичари и ски лифтови со капацитет од преку 33.000 скијачи на саат (3 шестоседни жичари, 7 четвороседни, 4 исклопиви четвороседни со голема брзина и 3 фиксни четвороседни со подвижна трака, 2 двоседни жичари и 12 ски лифтови.

1 ден 30.12.2022 (петок) – КОЧАНИ/СКОПЈЕ – КОПАОНИК
Состанок на групата во Кочани, поаѓање од Скопје пред Дрво Декор во 07:30 часот. Поаѓање кон Kопаоник со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

2 ден 31.12.2022 (сабота) – КОПАОНИК ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА 2023***

Појадок. По појадокот заминување кон Копаоник каде ќе имате можност да уживате на прекрасните стази како и да седнете во многуте кафулиња, салаши и ресторани. Moжност за скијачите превоз со гондола на оддалеченост од 300м од хотелот – Бела река која води до Мали Караман) Во договорено време со водичот, враќање во хотел. Ручек.Краток одмор. Припрема за новогодишната вечер. Свечена вечера со музика и забава според протоколи. Ноќевање.

3 ден 01.11.2023 (недела) – КОПАОНИК

Појадок. По појадокот, Слободни активности или можност за факултативна посета на скијачките центри и уживање во убавините на Копаоник со шатл бус. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Реприза на свечена вечер. Ноќевање.

4 ден 02.01.2023 (понеделник) КОПАОНИК – СКОПЈЕ/КОЧАНИ

Појадок. По појадокот заминување за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 195 € (12.090 ден.)

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10/11/2022 – 175 € (10.850 ден.)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во www.kopapartmani.co.rs
  • 2 полни пансиони , 1 полупансион и 2 свечени вечери 31.12 и 01.01 со музика
  • Организација на патувањето
  • Пратител на групата за цело време на престојот

Во цената НЕ е вклучено:

  • Индивидуални екскурзии и дополнителни индивидуални барања и трошоци
  • Деца од 5 до 9 години плаќаат 130€ и ги користат сите услуги за Нова Година
  • За сопствен превоз се одбива 10€ од цената
  • Трансфер со шатл бус до скијачките центри на Копаоник на 02.01.2022 – 5€

  • Гондола Бела река до Мали Караман
  • Туристичка такса се плаќа на рецепција 1€ од ден по лице
  • Патничко осигурување

Напомена:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
  • Може да се патува и со лична карта
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување. Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени
  • 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус 25€ ова важи само кога е организирана група со автобус
  • Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА МЕТФИЛ

ПАТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ