Project Description
1 ден 30.12.2022 (петок) Кочани – Банско
Поаѓање на групата во раните утрински часови согласно договореното време. Кратка попатна пауза за одмор и обавување на царински формалности.Пристигнување во Банско и сместување во хотел согласно условите за прием. Слободно попладне и време за индивидуални активности.Вечера.Ноќевање.
2 ден 31.12.2022 (сабота) Банско
Појадок.Ден за слободни активности и индивидуални прошетки. Припрема за ДОЧЕК НА НОВА 2023 ГОДИНА на плоштадот во Банско или Новогодишна вечера со забава во хотелот. Ноќевање.
3 ден 01.01.2023 (недела) Банско
Појадок. Слободни активности.Ручек (наместо вечерата на 31.12.2022 која им следува ама поради дочекот на Нова Година нема да ја имаат).Слободно време за индивидуални активности и прошетки.Вечера.Ноќевање
4 ден 02.01.2023 (понеделник) Банско – Кочани
Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање кон Македонија во 12 часот по локално време.Пауза во Метро. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 290 еур / 17.980 денари
Во цената е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Friends 3* на база 3 ноќевања со појадок и вечера
- Користење на парна бања,сауна,џакузи,релакс зона,wi-fi
- Пратител на групата
Во цената НЕ е вклучено:
- НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА ВО МЕАНА – 85 ЕВРА ЗА ВОЗРАСНИ / 48 ЕВРА ЗА ДЕЦА (4-11,99)
- НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА ВО ЛОБИ – 68 ЕВРА ЗА ВОЗРАСНИ / 39 ЕВРА ЗА ДЕЦА (4-11,99)
- Туристичка такса – 2 евра од ден од лице
- Патничко осигурување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца до 5,99 год. со двајца возрасни – бесплатно
- Деца до 5,99 год. со еден возрасен – плаќа по цена за еднокреветна соба
- Прво дете од 6-11,99 год на дополнително легло со двајца возрасниво 1/2 соба – бесплатно
- Деца 6-11,99 год на дополнителен кревет со двајца возрасни во Студио / АПП на ПП – плаќа 40 евра од ден
- Возрасен на дополнително легло во Студио или АПП – плаќа 50 евра од ден
Напомена:
- Организатор на аранжманот е ТА Метфил
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата