МЕКСИКО/ КАНКУН

МЕКСИКО/ КАНКУН 2023-03-20T01:51:00+02:00

Project Description

Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности надополнети од страна на уникатни археолошки локалитети, пустини и врвови на Андите, вулкани и песочни плажи, мали колониални градови со зачувана архитектура на шпанските освојувачи и остатоци од античките населби и светилиштата на Маите и Ацтеките.
Културата на Маите владеела на полуостровот Јукатан, на југоисточната страна на Мексико, затворен од Мексиканскиот Залив и Карипското Море. Во оваа област, Маите го достигнале својот супериорен степен на развој. Сепак, цивилизацијата на Маите достигнала огромно проширување, од јужното Пацифичко крајбрежје на Мексико до Централна Америка. Трагите на номадските населби на Маите се враќаат во 1500 година п.н.е. Познати во нивните градежни техники, нивните врежани натписи на нивните Пирамиди, згради и храмови. Маите развиле структура на пишување, користејќи хиероглифи и така воделе запис за наодите на Маите во математиката, архитектурата и астрономијата.
‘’Акцентите на Јукатан’’ е комплетна тура во светот на Маите вклучувајќи го и Канкун, градот кој се наоѓа на Карипско Море со 22 километри бели песочни плажи и тиркизна вода. Поделен на пет зони, островот Канкун е првата и најважна хотелска зона, каде што се концентрирани повеќето од плажите и туристичките активности. Во моментов, оваа дестинација е дом на најголемите хотелски ланци во светот, луксузни одморалишта, ресторани и барови, продавници од светски познати брендови, трговски центри, терени за голф и ноќни клубови. Канкун е една од омилените дестинации на голем број туристи во светот кои што уживаат во прекрасното време, најубавите плажи во земјата, гастрономијата и многубројните продавници. Посетителите можат да уживаат во разни активности и неверојатен панорамски простор, што ќе им даде чувство дека се во рајот.

Хотел Oasis Palm 4* Канкун

Период на Патување
Период на Престој

06.12.2019-17.12.2019
07.12.2019-16.12.2019

Цена по лице во двокреветна соба

1955

Доплата за еднокреветна соба

395

Напомена

  • Цените се дадни во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1евро = 62денари
  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15
  • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот

  • Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети

Цената вклучува

  • Авионски превоз Скопје – Канкун – Скопје, со вклучени аеродромски такси
  • 3 ноќевања во Хотели со 4*на база ноќевање со појадок
  • 6 ноќевања во Oasis Palm 4* на база All Inclusive
  • Кружна тура по стапките на Маите, со вклучени посети на аерхелошките локалитети
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници

Цената не вклучува

  • Влезна виза за Мексико (се вади во Белград, за повеќе информации ве молиме обратете се во Агенција)
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Бакшиши за локалните возачи и водичи

ЛЕТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ