Хотел Aargau – КУШАДАСИ

  • Aargau-Kusadai-03
Хотел Aargau – КУШАДАСИ 2022-03-17T15:38:43+02:00

Project Description

Положба:Хотелот Aargau е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 600 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.

Сместување: Хотелот Aargau располага со вкупно 28 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон, сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред (со доплата во месец Јуни и Септември), ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база BB (ноќевање и појадок- шведска маса). Хотелот располага со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со еден бар.

Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, градина.

Услуги со доплата: Пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен.

Плажа:Хотелот е оддалечен на 600m метри од градската плажа и на 3 километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, дестско игралиште.

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 109
11.06-21.06 135

Цената на аранжманот  вклучува :

  • Аранжманот вклучува 10 ноќевања, превоз, појадок
  • Организација на патувањето

Напомена:

  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност 1 €= 62 денaри
  • За деца до 5.99 години: 60 еур
  • За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст

ЛЕТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ