🚌 11 ти Октомври – НОВИ САД – БЕЛГРАД

  • novi sad-02
🚌 11 ти Октомври – НОВИ САД – БЕЛГРАД 2021-09-29T13:36:09+02:00

Project Description

1 ден 08.10.2021 ( петок ) Скопје – Нови Сад
Состанок на групата во 22:00 часот на Дрводекор и тргнување за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

02 ден 09.10.2021 ( сабота ) Нови Сад
По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.

Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање.

03 ден 10.10.2021 9 ( недела ) Нови Сад – Суботица – Паличко Езеро – Сомбор

По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот- најголемиот споменик во Суботица. Следува возење околу познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. Пристигнување во ВИНАРИЈАТА БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пеач од Суботица господинот Звонко Богдан. Обиколка ва винаријата со можност за винска проба. Потоа се упатуваме кон градот Сомбор – град со богата културна градина и раскошна историја со епитет на најзелен град во Европа. Разглед на градот, градската куќа, плоштадот на светото тројство, сончевиот саат и др. Сомбор го опкружуваат 18 салашки населенија. Предлагаме посета на едно селско домаќинство за да имаме прилика да уживаме во свечен бачки ручек за кој што лани имаат добиено награда на националниот саем за туризам. Ноќевање.

04 ден 11.10.2021 ( понеделник ) Нови Сад – Белград – Скопје
По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан и можност да ручек еден од најпопуларните локали во срцето на Дорчол, во стариот дел на Белград. Во договорено време тргнување кон Македонија.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.898,00 денари

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел
  • Разглед на Нови Сад
  • Посета на Белград и трговски центар
  • Организација на патувањето и пратител

Во цената НЕ е вклучено:

  • Доплата за туристичка такса 1,25 евра по лице од ноќ
  • Свечена вечера со тамбураши – 20 евра
  • Факултативна посета на Суботица, Паличко Езеро и винаријата Богдан – 25 евра по лице
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомена:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Се патува со лична карта или пасош, потврда за вакцинација или брз антиген тест за одење и враќање
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот
  • Со оваа програма важат општите услови на патување на ТА Метфил – Кочани

ПАТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/me92f/public_html/wp-includes/functions.php on line 4221