Western Union, брз трансфер на пари

Western Union, брз трансфер на пари 2018-06-05T23:39:15+00:00

Money transfer

Western UnionWestern Union е водечка светска компанија за брз трансфер на пари. Првиот трансфер на пари преку телеграф беше реализиран во далечната 1871 година токму преку Western Union. Денес, благодарение на својата широко развиена мрежа во над 200 држави и територии и употребата на софистицирани компјутерски решенија, брзиот трансфер на пари преку Western Union како дополнителна услуга e достапен и во Т.А. Метфил.

Во секојдневниот живот, трансферот на пари има клучна улога во помагање или подобрување на животот на голем број семејства ширум светот. Глобалната мрежа на Western Union најчесто ја користат:

  1. Иселениците кои им помагаат на своите најблиски во татковината;
  2. Родителите кои им помагаат на своите деца на студии во странство;
  3. Туристите и патниците на кои им треба помош во итни случаи;
  4. Деловни луѓе кои сакаат непречено да ги извршуваат своите дејности.

Главните карактеристики и придобивки на Western Union трансферот на пари се:

СИГУРНОСТ

Со секоја трансакција за испраќање на брз трансфер на пари се доделува единствен контролен број, со кој се гарантира дека Вашите пари се спремни за исплата и тоа единствено на примачот.

БРЗИНА

Парите се спремни да се подигнат само неколку минути* откако се пратени. Western Union користи напредна технологија и уникатна компјутерска мрежа насекаде во светот, што овозможува плаќањето да се изврши веднаш.

ДОСТАПНОСТ

Постојат повеќе од 300.000** локации насекаде во светот каде што испраќачите и примачите можат да ги испратат или подигнат своите пари. Повеќето агенти се достапни да Ве услужат преку целиот ден, преку целата недела и преку целата година.

*Подлежи на времето на работење и различните временски зони.

**Во некои земји услугата на праќање пари не е достапна, така што клиентите можат само да подигаат пари.

КАКО СЕ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА WESTERN UNION?

Isprakanje pari

 

Primanje pari

ТАРИФА

Надоместот за Western Union трансферот на пари го плаќа само испраќачот. Примателот не подлежи на никакви трошоци. Работењето на Western Union подлежи на законските одредби за примање и испраќање на средства на резиденти и нерезиденти во Република Македонија.

НАПОМЕНА

Трансферот нема да биде спроведен доколку:

  1. Документот за идентификација е со изминат рок;
  2. Трансферот не е на ваше име;
  3. Во податоците за име и презиме недостасува или е допишано уште едно презиме (доколку имате две презимиња или татково име).

Законски ограничувања:

  1. Максимален износ кој може да се испрати од Македонија кон друга земја е 2.500,00 евра од едно физичко лице во еден месец;
  2. Максимален износ кој може да се подигне во Македонија е 5.000,00 евра дневно од едно физичко лице.

За повеќе информации обратете сè на 033/ 274 – 371, 033/ 270 – 608 или 02 277 00 44