АВСТРАЛИСКА ВИЗА

Австралиска виза 2018-06-17T23:24:35+00:00

Што се ми е потребно за да добијам Австралиска туристичка виза?

Од Австралија (Од Гарантот)

  • Гаранција за туристичка посета (STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата;

  • Фотокопија од државјанство или од Австралиската постојана виза на гаранторот;

  • Изводи од банка (further evidence of founds или evidence of access to funds).

Од Република Македонија (Од Апликантот)

  • Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата, која изнесува 160 Евра;

  • Своерачно потпишан пасош, важечки за целиот планиран престој во Австралија;
  • Копија од лична карта;
  • 4 фотографии;
  • 1 формулар;
  • Извод од родени не постар од 4 недели (меѓународен/интернационален или преведен од македонски на англиски јазик);
  • За лица кои се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели (меѓународна/интернационална или преведена од македонски на англиски јазик);
  • Потврда за примања за последните 3 месеци;
  • Потврда за должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжувате со работа по враќањето од Австралија;
  • Доказ за поседување на одредени недвижности;
  • Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата;
  • Ако сте пензионер, чек од последната пензија;
  • Ако сте ученик/студент потврда од училиште/факултет дека сте редовен ученик/студент, дека е одобрено отсуство од наставата. За студенти и индекс (оригинал);
  • За деца под 18 години кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично;
  • Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања;
  • За лица постари од 70 години се достави потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување;
  • Здравствено патничко осигурување;
  • Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал;
  • Резервација за повратен авио билет;
  • Времетраење на постапката за добивање на виза: од 3 до 5 недели;
  • Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не сè на англиски јазик треба да се приложат со заверен превод.

Документите се поднесуваат во Амбасадата во Белград.

За повеќе информации контактирајте нè на: 033 / 274 – 371, 033 / 270 – 608 или 070 / 656 – 442